Саем на студии во Франција| 30.10.2023

Pozadina Salon Etudes 2023

Саем на студии во Франција| 30.10.2023

30.10.2023 | Национална и универзитетска библиотека „Св. Климент Охридски“

Саемот претставува неизоставен настан за средба на македонските средношколци, студенти, универзитетски професори, кои сакаат да го продолжат своето високо образование во Франција, или пак да остварат универзитетска соработка.

Plakat Saem Na Studii 2023

Ова е одлична можност да се добијат сите потребни информации за понудата на студиски програми директно од претставниците на француските универзитети присутни на саемот, како и информации за сите аспекти на студентскиот живот во Франција.