Медијатека

Медијатеката на Францускиот институт во Скопје, за првпат отворена во 1974 год. и реновирана во 2013 год., денес е место на бројни посетители од најразлична возраст: деца, младинци и возрасни (12 000 посетители годишно, повеќе од 400 активни членови и 7 000 позајмувања годишно).

 

Медијатеката на Францускиот институт во Скопје има за цел колекционирање, вреднување и редовно обновување на ресурсите од француско и франкофонско продрачје. 

 

Во моментов, таа располага со повеќе од 10 000 наслови во најразличен формат:

• Книги (романи и други книжевни дела, педагогија и лингвистика, уметност, дела за запознавање на Франција, општествени и технички науки, преводи на дела од француски автори на македонски и албански јазик, географија, историја, филозофија, речници и енциклопедиии, стрипови, сликовници и книги за деца…) ;

• Списанија и весници (дневни весници, неделници, месечници);

• Музички цедеа (француска поп и рок музика, класична музика, џез, реге, хип-хоп)

• Цедероми (забавно-едукативни игри, програми за учење француски јазик и видео игри)

• Филмови (играни и документарни, цртани филмови, филмови за млади)

 

Медијатеката, која што се наоѓа на два ката, вклучува и еден работен простор, читална, катче за деца и млади, 4 места со пристап до интернет, библиотека за лицата кои го изучуваат францускиот јазик и оддел Кампус Франс.

 

 

Работното време и контакт 

Медијатека на Францускиот институт во Скопје е отворена од понеделник до петок од 11 ч. до 18 ч. и во сабота од 10 ч. до 13 ч.

Нашиот тим е секогаш на ваше располагање за да ви даде совет за избор на наслови од медијатеката и да ви ги даде потребните информации.

За секое дополнително прашање, пишете ни на mediatheque@ifs.mk или јавете се на телефонските броеви :  (+389) 2 3 116 734 (+389) 2 3 118 503

 

 

Катче за деца и млади

Во рамките на медијатеката на Францускиот институт во Скопје има простор посветен на младите во којшто се наоѓаат книги и сликовници за деца, приказни, стрипови, романи за тинејџери, цедероми со забавно-едукативни содржини, списанија за деца и млади, анимирани филмови, како и таблет на располагање на младите посетители. 

 

Библиотека за лица кои го изучуваат францускиот јазик

Оваа библиотека е специфичен простор наменет за лицата кои го изучуваат францускиот јазик, а тука се наоѓаат методи за изучување на јазикот, книги на лесен француски јазик, коишто се категоризирани согласно европската референцијална рамка за јазичните нивоа: A1, A2, B1, B2, потоа педагошки и лингвистички материјал, како и други дополнителни алтаки за учење и предавање на францускиот како странски јазик.

Листата на наслови е достапна на онлјан каталогот на материајли за позајмување : https://skopje.bibenligne.fr/. Одберете ја опцијата: Recherche avancée, потоа Sujet, кликнете A1, A2, B1 или B2 во првотот поле и пребарајте.

 

 

Онлајн каталог 

Онлајн каталогот https://skopje.bibenligne.fr/ ви овозможува да дознаете кои се насловите на располагање во медијатеката на Францускиот институт преку разновидни критериуми на пребарување.

Бројот на вашата членска карта ви овозможува да отворите корисничка сметка и да имате пристап до информации за вашите позајмени материјали и датумот на враќање. 

За да пребарувате според домените, означете « Imprimé » ќе ја добиете листата на сите книги позајмени (или не), означете musique, ќе ја добиете листата на сите ЦД, позајмени (или не) итн. За да најдете некоја книга, списание, филм… може да пребарувате по наслов, по автор, по издавачка куќа, тема, колекција…

 

 

Нови наслови во медијатеката

Нашата понуда редовно се збогатува со новитети кои им овозможуваат на нашите членови да останат во контакт со актуелните случувања во Франција. На тој начин, членовите имаат пристап до најновите и успешни филмови, најдобро продаваните и наградени современи романи, најактуелните методи и алатки за учење и предавање на францускиот јазик и најинтерсните наслови за деца и млади! 

Добредојден е секој предлог од ваша страна ; пишете ни на следната електронска адреса: mediatheque@ifs.mk

 

Преземете ја брошурата за медијатеката.