Француски медиуми

Сакате да гледате француски или франкофонски канали?

Сакате да слушате,читате и да го вежбате францускиот јазик и да ги подобрите вашите јазични знаења?

Сакате разновиден пристап до информации?

 

Францускиот институт во Скопје нуди неколку совети како да останетево допир со медиумите на француски јазик:

1.ТВ и радио

– франкофонскиот канал TV 5 Monde: неколу кабелски оператори во Македонија, како Кабелтел и Телекабел, го пренесуваат овој канал. Распоредот на програмата е достапен на интернет страната на TV5 Monde

-Млади, забавувајте се соемисиите на Tivi5 MondePlus, кои ви се наменети токму вам!

France24: познатиот канал за континуирано информирање можете да го следите преку трите најзначајни кабелски оператори: Макс ТВ на операторот Т-Мобиле, А1 и Телекабел.

2. Печатени медиуми

– Францускиот институт во Скопје им нуди привилегиран пристап до францускиот печат на своите членови преку дигиталната платформа Culturethèque.

 

Станете член на медијатеката на Францускиот институт и ќе можете да се информирате преку францускиот печат. Медијатеката на Францускиот институт, ве поканува и во своите простории, каде на ваше располагање секогаш има широк избор на француски списанија.

 

Le Courrier des Balkans е француски регионален и информативен портал. Прочитајте ги преводите на француски јазик на одредени статии за да имате широк увид во случувањата во регионот.

 

Hе заборавајте дека во секој момент можете да ги гледате вашите омилени канали на интернет преку стриминг или да ги преземете програмите што ве интересираат!

 

Ние ви нудиме некои линкови:

France24 en direct

France2

Arte

Francuski Mediumi1
Francuski Mediumi Arte 3
Francuski Meduumi2