Мрежа Алумни

Мрежата Алумни е мрежа на сегашни и поранешни студенти и стипендисти на француската влада, кои реализирале целосни или дел од своите студии во Франција.

 

Фејсбук групата RAM- Réseau Alumni de Macédoine https://www.facebook.com/groups/1583850045209591/ е отворена во јули 2015 година и им овозможува на секој од Алумните да стапи во контакт со останатите Алумни.

 

Платформата France Alumni – République de Macédoine du Nord https://www.francealumni.fr/fr/poste/mk/ е отворена во октомври 2016 година. Регистрирајќи се на платформата, Алумните имаат можност да ги валоризираат своите  француски студии, да ја активираат својата мрежа и да го искористат потенцијалот на меѓународната заедница која што е во постојана еволуција. Понуди за пракса или за работа, настани поврзани за Алумните или за Франција, се централизирани на платформата и достапни до сите регистрирани Алумни.