Станете член

Медијатеката на францускиот институт во скопје им посакува добредојде на сите оние кои се интересираат за францускиот јазик и култура а особено на деца, адолесценти, студенти и оние кои го изучуваат францускиот јазик.

 

Користењето на материјалите на лице место во медијатеката е бесплатно за сите посетители, но позајмувањето на истите е наменето за членовите на медијатеката. 

 

 

Ценовник

Годишно членство во медијатекјата на Францускиот институт во Скопје чини 800 денари годишно, но постои и намалена тарифа од 400 денари за ученици, студенти и професори по француски јазик. Во секое членство во медијатеката вклучен е и слободен пристап до електонските ресусрси на дигиталната платформа Culturethèque преку персонализиран пристап.

 

Позајмување и продолжување на материјалите

Книгите се позајмуваат за период од три недели, филмовите, музичките цедеа и списанијата за период од една недела. Позајмените наслови можат да се резервираат или да се продолжат телефонски или преку електронска пошта. 

 

Работно време и контакт 

Медијатеката на Францускиот институт во Скопје е отворена од понеделник до петок од 11 ч. до 18 ч. и во сабота од 10 ч. до 13 ч.

Нашиот тим е секогаш на ваше располагање за да ви даде совет за избор на наслови од медијатеката и да ви ги даде потребните информации.

За секое дополнително прашање, пишете ни на mediatheque@ifs.mk или јавете се на телефонските броеви : (+389) 2 3 116 734 (+389) 2 3 118 503