Тематски колекции

Со поддршка на Biblionef во текот на учебната година, Францускиот институт им става на располгање на училиштата и на професорите по француски јазик 14 тематски колекции на француски книги наменети за млади: приказни, стрипови, класици, романи, филозофија за млади, екологија…

 

Секоја колекција содржи посебно досие со образложение и предлози за педагошко користење со следните цели:

 

• поттикнување на интересот на учениците за францускиот јазик и за читање

 

• шаренолика понуда и целовистост на програмата во текот на училишна настава на француски јазик

 

• потпомагање на учениците во структурирање на нивнте знаења на светот околу нив

 

За да можете да ја искористите оваа можност, потребно е да се направи резервација на колекцијата книги за одреден период на следниот мејл: mediatheque@ifs.mk

 

Преземете ја листата на достапни наслови во рамките на патувачките колекции.