Онлајн часови

Onlajn Casovi

Немате време да посветите на традиционални часови по француски јазик? 

 

Отсега, можете да ги зајакнете вашите јазични способности само за неколку недели пред да заминете во Франција или франкофонска земја за вашите студии, работа или хоби. Францускиот институт ви предлага ф(р)антастична формула:

Frantastique

 

 

  1. Електронска порака на француски јазик 

Секое утро, во електронска порака ви се понудени писмени и аудио содржини на француски јазик. 10 минути француски јазик преку кратка приказна, видео, дијалози, прашања, мини-лекции и вежби.

 

  1. Автоматска корекција 

Откако ќе ги испратите одговорите, добивате корекција со број на поени, персонализирани објаснувања, вокабулар, транскрипција на аудио содржините, итн.

 

  1. Персонализиран пристап 

Вашето изучување е осмислено согласно вашите одговори, очекувања и потреби.Часовите он лајн Франтастик ви овозможуваат самостојна работа од дома и поддршка во Францускиот институт во Скопје. Уписите се вршат он лајн на интернет страната на Францускиот институт.