Culturethèque

 

Медијатеката на Францускиот институт во Скопје нуди и дигитални ресурси, коишто можете да ги користите преку платформата CULTURETHÈQUE.

 

Се работи за дигитална библиотека којашто им овозможува на членовите на медијатеките во Француските институт во Скопје и на Француските алијанси во Тетово и Битола да пристапат до голем број на дигитални ресурси: книги, стипови, списанија, музика, документарни и играни филмови, концерти и предавања се дел од понудата. 

 

Повеќе од стотина илјади ресурси во дигитална форма се ставени на располагање од страна на значајни културни институции, а можат да бидат користени од членовите на Францускиот институт кои се наоѓаат на територијата на Македонија.

 

Регистрагицијата на платформата Culturethèque е бесплатно за членовите на медијатеката на Францускиот институт во Скопје кои добиваат корисничко име и лозинка за да можат да ѝ пристапат на платформата.

 

За сите оние кои имаат желба да се запознаат одблизу со понудата на Culturethèque можат бесплатно да се зачленат во период од три недели.

 

Погледнете ја видео презентацијата за понудата на Culturethèque :