Уписи за ДЕЛФ Прим, првата диплома за познавање на францускиот јазик за најмалите

Delf Prim

Уписи за ДЕЛФ Прим, првата диплома за познавање на францускиот јазик за најмалите

Преземете го формуларот за упис, испечатете го и приложете го пополнет во моментот на упис во Францускиот институт во Скопје.

Формулар за упис на DELF Prim

Уписите за сесијата ДЕЛФ Прим 2024 се одвиваат од 4 до 22 март 2024.
Полагање на испитот: 11 јуни 202
4

Цена: 1 200 ден.

Вашето дете е на возраст од 7 до 12 години и го изучува францускиот јазик? 

ДЕЛФ Прим е првата диплома за познавање на францускиот јазик.

ДЕЛФ Прим е диплома по француски јазик, која што ја издава Француското министерство за образование. Истата може да се полага во Францускиот институт во Скопје.


Дипломата ДЕЛФ Прим се состои од следните нивоа:
А1.1
А1
А2

Зошто вашето дете да полага за диплома ДЕЛФ Прим?

  • тоа е прилика да ги покаже своите познавања од францускиот јазик
  • тоа е можност да биде наградено за својата работа и труд
  • на тој начин, стекнува навика да полага испити уште од самиот почеток на изучување на францускиот јазик.