Предложете проект

Францускиот институт во Скопје, покрај редовната годишна програма, останува отворен за предлози од домашните културни институции (културни и образовни институции, фестивали и невладини организации кои делуваат на полето на културата).

 

Доколку сакате да ни предложите преокт, препорачливо е истиот да се испрати една година однапред, со цел да биде финансиски предвидувања.   

 

Проектот треба, по својата природа, да се вклопува во мисиите на Францускиот институт и да биде во врска со француската и франкофонската, културна, уметничка и интелектуална сцена (покана на француски уметници или експерти).

 

Може да доставите проект во форма на резиме на следните емаил адреси:  info@ifs.mk или culture@ifs.mk

 

Воедно, Ве молиме прецизно да ни означите кои се вашите очекувања во однос на Францускиот институт во Скопје.

 

Францускиот институт се обврзува да ви одговори во рок од 20 дена и го задржува правото да го прифати или одбие вашиот проект во зависност од можностите.