Работилници за возрасни и млади

Имате минимум А2 ниво и сакате преку францускиот јазик да развиете други вештини?

Францускиот институт во Скопје ви нуди различни работилници во текот на целата година.

 

> Конверзација

Во пријатна атмосфера која го поттикнува спонтаното изразување, вие ќе учествувате во дискусии на различни теми одбрани според вашиот интерес и кои ви овозможуваат да го подобрите вашето усно изразување, да ја збогатите вашата лексика и да го искажете вашето мислење

 

> Пишување на CV и писмо за мотивација

Со помош на методологија која се концентрира на вас и вашиот професионален проект, овој модул ќе ви понуди средства за осмислување, пишување и еволуирање на вашето CV и мотивациско писмо, во зависност од неговата намена.

 

> Ателјеа за средношколци и возрасни: „Запознајте ја Франција!“

Теми:

  • Француски филм
  • Од Едит Пјаф до Стромае
  • Со книги до поубави денови, со театар до забава
  • Француска уметност