Начин на упис и плаќање

Начин на запишување

 

За да се запишете, задолжително е лично да се појавите во Францускиот институт во периодот на упис.

 

Доколку веќе поседувате одредено ниво на познавање на јазикот, треба да направите јазичен тест, со кој ќе се одреди групата која соодветствува на вашето ниво.

 

Во моментот на запишување, потребно е да ги оставите вашите лични податоци.
Уписот во соодветната група е валиден во оној момент кога ја уплаќате сумата од најмалку првата рата, која одговара на типот на избраниот курс.

 

 

Плаќање

 

Сумите за упис на часовите се плаќаат однапред.
Целосната сума на часовите може да се регулира на две месечни месечни рати, кои што износи ќе ви бидат назначени.

 

Плаќањето на часовите е во денари, во готово или со картичка, во Институтот, во работно време (од понеделник до петок, од 11ч до 18ч и сабота, од 10ч до 13ч).

 

Овозможен е попуст од 5% за една сесија и 10% за две сесии однапред при упис на два члена од исто семејство.

 

По почетокот на часовите, институтот не ќе биде во можност да ја врати уплатената сума.

*      *     *     *

 

Повеќе за часовите по француски јазик во Францускиот институт во Скопје

Календар на часовите за учебната 2023 / 2024

Тарифник на часови

Општи услови за часовите во Францускиот институт во Скопје