Гаранција за квалитет

Општи услови за следење на часовите

За да ги консултирате општите услови за следење на часовите по странски јазик во Францускиот институт во Скопје, кликнете тука.

 

Гаранција за квалитет

 

Нашиот ангажман:

 

Информирање

– јасни и детални информации за нашата понуда на часови и сертификати, преку редовно ажурирана веб страна

– едноставни и брзи процедури за упис, формулар за пред-упис достапен онлајн

– редовно информирање преку социјалните мрежи

 

Прием

– персонал на ваше располагање за да ве пречека и ориентира

– чисти, оддржувани и функционални простории, сместени во центарот на градот

– училници опремени со модерен технолошки материјал (бели интерактивни табли)

– медијатека на располагање, со ресурси за учење на францускиот јазик

 

Педагогија

– часови по француски јазик според Заедничката европска референтна рамка за јазиците

– при запишување, тест за утврдување на нивото со цел да се запишете во група соодветна на вашето ниво и потреби

– групи со ограничен број на слушатели кои овозможуваат индивидуален пристап

– усогласена и следена педагошка пракса која овозможува следење на прогресот на секој слушател

– можност да се сертифицира нивото со меѓународно призната диплома, во испитни сесии одржувани во наши простории