Мултимедијален центар за настава и педагошки тим

Мултимедијален простор за настава

Францускиот институт располага со Мултимедијален простор за настава каде што наставата по француски јазик се потпира врз најмодерна технологија, како бели интерактивни табли, компјутери и интернет.

 

Педагошки тим

Нашиот педагошки тим се состои од професионалци во доменот на наставата на францускиот јазик како странски јазик, подготвена да ве пречека и упати во изборот на најдобриот курс за вас.

Наставата се базира на комуникација и активен пристап, со особен акцент на интеракција помеѓу изучувачите во групата, како и откривање на француската култура и актуелност.

Педагошкиот тим следи континуирани обуки за усовршување со цел подобрување на квалитетот на часовите и подобро одговарање на потребите на публиката.

 

Str 1 (2)
Str 1 (16)