2020 година на стрипот | Изложба „3Д стрип“ | 15.11 – 25.12.2020

Machinesabulles2020

2020 година на стрипот | Изложба „3Д стрип“ | 15.11 – 25.12.2020

Од 15 ноември до крајот на декември 2020 | Излог на Францускиот институт во Скопје

Во рамките на програмата „2020, година на стрипот“ и проектот „Ноември во дигитално руво“, Францускиот институт во Скопје ви предлага, од 15 ноември натаму, да ја погледнете иновативната изложба „3Д стрип“. Секоја недела, по нови три паноа од изложбата „3Д стрип“ ќе бидат изложени во излогот на Францускиот институт. На овој начин ќе имате можност да се запознаете со најновите форми на францускиот стрип и со иновативни начини на читање.

Во втората половина на месец ноември, ви предлагаме да се запознаете со овие 3Д онлајн стрипови:

1. Големата лоша лисица : https://www.editions-delcourt.fr/special/grandmechantrenard/turbomedia.php

2. Зграда : https://turbointeractive.fr/limmeuble/

3. Како ќе јадеме во иднина : https://mangerverslefutur.org/