Ноќ на книгата | 28.01.2022

Nuit De La Lecture Site 2

Ноќ на книгата | 28.01.2022

Петок 28 јануари 2022 година, 17:00 часот | Француски институт во Скопје

Ноќта на книгата е настан којшто се одржува на иницијатива на француското Министерство за култура, во соработка со различни институции од доменот на пишаниот збор: библиотеки, книжарници, автори, издавачи, училишта, здруженија итн. Министрествата за образование и за надворешни работи на Франција му се приклучија на овој настан, којшто веќе се утврдува како постојан во културната агенда.

Настанот посветен на книгата годинава се организираше во форма на книжевна средба со учениците од Француското меѓународно училиште во Скопје и двојазичните паралелки од гимназијата „Корчагин“, како и со студентите од Катедрата за француски јазик, кои читаа текстови и песни по свој избор.

Погледнете кои текстови беа прочитани на Ноќта на книгата 2022.