Отворени се уписите во прва година на француските државни универзитети 2023 / 2024

Pozadina Studii Gouvernement 2020

Отворени се уписите во прва година на француските државни универзитети 2023 / 2024

Уписите во прва година на француските државни универзитети за акдемската 2023 / 2024 година се отворени!

Француските универзитетити се отворени за секој заинтересиран кандидат со солидно познавање на францускиот јазик.

Студиите се со висок степен на квалитет, нудат голема разновидност на студиски програми и меѓународно признати дипломи.
Секој кандидат го избира доменот на интерес и универзитетот којшто му одговара на истиот.

Процедурите за упис се едноставни и и без административни трошоци.

*

Kраен датум за достава на досието во Одделот Campus France / Француски институт во Скопје: 15 декември 2022

*

За повеќе информации околу процедурите за упис, за подготовка и за комплетирање на досиејата, јавете се и закажете состанок во Одделот Campus France, во Францускиот институт во Скопје, ул. Св. Кирил и Методиј, бр. 48, 1000 Скопје.

Контакт: Сузана Пешиќ, тел : (02) 3129 288,

Електронска адреса : suzana.pesik@ifs.mk

 *

Дознајте зошто тие ја избраа Франција?