Изложба во излогот на Француски институт „Моливерзум“ | 26.01. – 28.02.2023

Pozadina Molivers 2

 Изложба во излогот на Француски институт „Моливерзум“ | 26.01. – 28.02.2023

Отворање: Четврток 26 јануари 2023, 17 часот | Француски институт во Скопје
Изложбата е отворена до 28 февруари 2023

Францускиот инстутут во Скопје го поддржа проектот „Моливерзум“, реализиран од Институтот за дизајн и инженеринг на облека при Технолошко-металуршкиот факултет и Катедрата за француски јазик при Филолошкиот факултет во Скопје.

Проектот беше реализиран од студентите на двата факултата, под креативно водство на професорката Лидија Георгиева.

Нивната цел беше создавање и реализација на изложба, чија порака се однесува на времето во кое живееме. Дилемата со која се среќаваат новите технологии, метаверзум или универзум, нè наведува на размисла околу толкувањето на делото на Молиер од денешна перспектива.

Најпрвин, изложбата беше поставен во Националната и универзитетска библиотека „Св. Климент Охридски“ во Скопје, а потоа и во изложбениот простор на Солин Д’Абовил, сопственичка на агенцијата за дизајн Manymany, во Париз.

Изложбата во излогот на Францускиот институт во Скопје е последна етапа од овој иновантен проект.

Да им дадеме поддршка на младите дијзанери!