Европски дијалози во Скопје | Наследство и европска иднина | Oд 29.09 до 02.10.2026

Site Cover

Европски дијалози во Скопје | Наследство и европска иднина | Oд 29.09 до 02.10.2026

Oд 29 септември до 02 октомври 2026

Отворање: 29 септември

Вторник, 29 септември 2026 од 19ч. во Музејот на современа уметност

Солидарностa како иднина

Отворање на Европските дијалози со изложба на најдобрите дела од Музејот на современа уметност во Скопјe.

Повеќе информации за изложбата и делата


Што останува по еден чин на солидарност и како неговото значење се менува низ времето?

„Солидарноста како иднина“ е изложбен проект кој преку внимателно избрана селекција од најзначајните европски збирки на Музејот на современата уметност – Скопје го отвора прашањето: што останува по еден чин на солидарност и како неговото значење се менува низ времето?

Француската колекција на МСУ – Скопје е создадена во непосредниот контекст на скопскиот земјотрес од 1963 година. По катастрофата, францускиот писател и критичар Жан Касу иницирал повик до уметниците за донирање дела за Скопје. Преку ангажманот на првиот директор на МСУ, Борис Петковски, била воспоставена директна врска со париската уметничка сцена, која во тој период претставувала еден од центрите на европската и светската уметност. Особено внимание ќе се посвети на фактот дека француската колекција не е строго „национална“ колекција. Париз во периодот по Втората светска војна бил меѓународна уметничка средина во која се среќавале уметници од различни земји, култури и традиции. Токму оваа разновидност ја претвора колекцијата на МСУ во сведоштво за еден поинаков модел на Европа – Европа на движење, размена, различност и културна отвореност. Така, еден чин на меѓународна солидарност прераснал во трајна културна вредност и во една од најзначајните компоненти на меѓународната колекција на МСУ.

Изложбата ќе претстави селекција на дела од француски и меѓународни уметници поврзани со француската уметничка сцена, преку која ќе се воспостави дијалог помеѓу минатото и сегашноста. Во изборот ќе бидат застапени уметници како Виктор Вазарели, Ханс Хартунг, Пјер Сулаж, Ана-Ева Бергман, Димитар Пандилов, Никола Мартиноски, Борко Лазески, Бруно Талпо, Владимир Величковиќ, Петар Лубарда, Јустино Алвез, Александар Трижуљак, Владислав Фрич, Јанис Михас, Франческо Сомаини и итн. – автори чии дела се дел од француската, односно европската колекција на МСУ и ја одразуваат нејзината изразито интернационална природа.

Селекцијата нема да биде конципирана како класичен историски преглед, туку како простор за ново читање на колекцијата. Делата ќе бидат поставени околу неколку клучни прашања: Како една колекција создадена преку солидарност ја памети историјата? Дали уметничкото дело може да биде сведоштво за еден колективен чин? Што значи солидарноста денес? И што можеме да изградиме по солидарноста?

Проектот не се обидува само да се наврати на еден значаен момент од историјата на Скопје и МСУ, туку настојува да одговори на прашањето како наследството на солидарноста може да стане активна вредност во сегашноста и основа за една поотворена, поразновидна и посолидарна заедничка иднина.


Images


ИСТОРИЈА И
ЗАЕДНИЧКО НАСЛЕДСТВО



Среда, 30 септември 2026, од 18 до 19ч.
Центар Инокс

Учесници: Антон Добрович, Стефан Дечев (Нов бугарски универзитет),
Кристин Кадо (професорка на Универзитетот Париз 8) и Далибор Јовановски (македонски историчар и професор).

Модератор: Тамара Грнчароска (новинар, Телма)

J1 Site


Среда, 30 септември 2026, од 19:30 до 21ч.
Инокс Центар

Учесник: Манос Авгеридис, историчар, директор на Современиот општествен архив (АСКИ)

Модератори: Милица Николиќ (доктор на науки по антропологија на Универзитетот во Белград), Илирида Мусарај, (доктор на науки по социологија на Универзитетот во Атина и координаторка на програмата ASKI), и Ламија Муфтиќ, ( доктор на науки по меѓународно право на Универзитетот во Сараево.)

Photo


Заедништво и
почит кон различностите

Вториот ден ќе биде посветен на дискусија за споделените припадности и вредности што можат да ги поврзат различните групи, а се изразуваат преку иницијативи на граѓанското општество, транснационални движења и заеднички борби. Меѓу темите ќе бидат ЛГБТ+ правата и правата на родовите малцинства, феминистичкиот активизам, антирасизмот, како и креативната и информативната независност.



Четврок, 01 октомври 2026, од 16:30 до 17:45
Културен центар Јадро


Учесници: Ѓорѓе Јовановиќ (Центар Јадро, Скопје), Јана Јовашевиќ (U10, Белград), Паоло Асенца (Spazio Y, Рим), Илона Демченко (Jam Factory, Киев)

Модератор: Мелоди Робин

Куратори на изложбата : Мелоди Робин , Алесија Симонети

217707525 341530744118572 5162630380712254684 N



Четврток, 01 октомври 2026, од 18 до 19 ч.
Инокс Центар


Дебатата е организирана во соработка со Фондацијата Метаморфозис.


Учесници: Сесил Мозковиц (AOC), Ивана Вучетиќ (Зашто Не), Бардил Јашари (Метаморфозис)

Модератор: Филип Стојановски (Фондација Метаморфозис)

Photos 11 Site Ig


Четврток, 01 октомври 2026, од 19:30 до 21ч.
Центар Инокс


Кратки и влијателни приказни за борбата и патот кон општествено и институционално признавање.


Учесници: Озлем Чекиќ (претседателка на здружението „Brobyggerne“), Викторија Радвањи (активистка и застапничка за човекови права од Будимпешта), Ројда Берент (LGBTQIA+ активистка), Едис Сулејман (aктивист за човекови права), Ардит Рамадани (aктивист), Ерник Пелегриноти (студент на Универзитетот LUISS) , Зола Чичминцева Кондамамбу (општинска советничка задолжена за пристапот до културата и кураторка.)

Moдераторка: Нина Стефанова (Телма)


Споделени хоризонти:
Каква иднина за европа?

Каква Европа сакаат граѓанските општества? Кои вредности ја обликуваат европската идеја денес и каква Европа сакаат да градат европските граѓански општества?

Третиот ден e посветен на разговор за иднината на европскиот проект. Програмата ќе започне со интервју со две истакнати личности, кои од филозофска перспектива ќе разговараат за изградбата на Европската Унија и вредностите врз кои таа се темели.

Потоа ќе следи дискусија меѓу млади, општествено ангажирани поединци и истакнати личности за иднината на европските општества.


Циклус дебати, предавања и средби



Петок, 02 октомври 2026, од 15 до 16:30
Центар Инокс

Каде се наоѓа Европската Унија денес и кон какви заеднички хоризонти се стреми?

Наместо на техничките и институционалните прашања со кои ЕУ најчесто се поврзува, оваа дебата ќе понуди антрополошка и филозофска перспектива кон ЕУ и нејзиното идно проширување. Што би значело проширувањето од 27 до 37 членки? И дали европските граѓански општества сè уште веруваат во европската иднина?

Учеснииц: Марко Ловец (Универзитетot во Љубљана, Словенија ), Сирил Блондел (Универзитетот во Ремс)

Модератор: Лепа Џундева (новинарка, ТВ 24, специјализирана на темата за европска интеграција)

Photos 11 Site Ig


Петок, 02 октомври 2026, од 18:30 до 20:00
Centre Inox

Јавна дискусија со конкретни предлози во рамки на пет тематски целини околу прашањето: „Надвор од институциите, каков проект за европско општество: европски вредности, социјална Европа, еколошка Европа, економска Европа и културна Европа?“


Учесници: Петија Георгиева, Марко Ловец, Јермина Станојев, Жан-Франсоа Шује

Панелисти:Андра Ибрахими, Егзона Аруќај, Лазар Симиќ, Ерник Пелегриноти, Иван Дургутов

Модераторка: Нина Стефанова (Телма)

Photos 11 Site Ig (1)


Затворање :


Screenshot 2026 08 31 121339