07 Мај Проекции на МАКЕДОНИУМ : Драматургија на незавршеното
предвидени проекции
По успехот на отворањето на изложбата и уметничката средба насловена „Вкрстени погледи: културно наследство и современа уметност: која се одржа на 12 мај, во наредните недели ќе бидат организирани неколку проекции на филмот МАКЕДОНИУМ: Драматургија на незавршеното во Францускиот институт во Скопје.
ФИЛМ: МАКЕДОНИУМ: Драматургија на незавршеното
2023, 41:09 мин., дигитален формат
Продукција: Press to Exit Project Space, Скопје
Режиран од Теона Стругар Митевска, филмот комбинира драматизација и реконструкција за да ги истражи авторството, родот и процесите на бришење во контекст на доцниот југословенски модернизам.
Базиран на сценарио на Христина Иваноска и визуелна обработка на Јане Чаловски, тој ги открива бирократските и политичките механизми кои ѝ го оспориле на Искра Грабулоска признавањето на ко-авторството на споменикот „Македониум“.
Филмот ја следи борбата за признавање и еднаков третман, отворајќи прашање дали меморијалот, обликуван преку овие конфликти, може да се смета за завршен.
ПРОЕКЦИИ ВО ФРАНЦУСКИОТ ИНСТИТУТ:
Вторник 19 мај 17h00 – 17h40
Вторник 26 мај 12h00 – 12h40
Среда 3 јуни 17h00 – 17h40
Четврток 11 јуни 12h00 – 12h40
Резервирајте место на culture@ifs.mk
На 12 мај, Францускиот институт во Скопје беше домаќин на средбата „Вкрстени погледи: културно наследство и современа уметност”, отворена од Амбасадорот на Франција и модерирана од Мелоди Робин.
Во рамките на изложбата се одржа дискусија со уметниците Христина Ивановска, Јане Чаловски и Клеман Бедел.
Двајцата македонски уметници го споделија своето истражување поврзано со споменикот „Македониум”, додека францускиот уметник Клеман Бедел — кој студирал на Факултетот за ликовни уметности во Белград — зборуваше за влијанието на бруталистичката архитектура врз неговото творештво.







НОВО ИЗДАНИЕ ОД ЕДИЦИЈАТА
ИЗЛОЖБА И УМЕТНИЧКА СРЕДБА
Овој нов настан од серијата „Изложба и уметничка средба” на Францускиот институт во Скопје, претставува своевиден дијалог меѓу творештвото на францускиот сликар Клеман Бедел и на македонските уметници Христина Иваноска и Јане Чаловски.
Тргнувајќи од архитектонски и монументални форми поврзани со пост-ексју просторот, двете дела на различен, но инспиративен начин ја разработуваат темата за монументалното културно наследство и неговото опстојување.


Сликите на Клеман Бедел ја истражуваат чувствената тежина на овие архитектури — она што тие го чуваат во себе, нивното присуство или двосмисленост во денешнината, а проектот МАКЕДОНИУМ – Драматургија на незавршеното (2023) на Христина Иваноска и Јане Чаловски е сеопфатен колаборативен проект составен од книга, филм, скулптура и серија од 12 графики, реализиран во соработка со режисерката Теона Стругар Митевска и графичката дизајнерка Неда Фирфова — заснован врз долгогодишно истражување во архивите на Јордан и Искра Грабулоски, автори на Споменикот „Илинден” (познат и како „Македониум”) во Крушево (1979), ги проблематизира наративите, претставите и политичките импликации поврзани со ова наследство.
Преку овој проект кој ги спојува книгата, филмот, скулптурата и графиките, и потпирајќи се на архивите на споменикот, Иваноска и Чаловски ја испитуваат конструкцијата на монументалните наративи и нивните современи судбини, одбивајќи да ги сведат на обични естетски форми.”
Како и во секое издание на серијата, изложбата ќе биде појдовна точка за проширена дебата меѓу уметниците, кураторката и публиката.
Настанот е под кураторство на Мелоди Робин, чија работа ги потенцира врските меѓу француската и македонската уметничка сцена и поттикнува нови творечки размени меѓу двете земји.
Со симултан превод.


