11 Мај (Дез)информации: историјат и предизвици I Четврток, 21.05.2026
Четврток 21 мај 2026 | 19:00 | Europe House
Conférence de Fabrice d’Almeida
На 21 мај, г. Фабрис Д’Алмеида, познат француски историчар и истражувач, професор на Универзитетот Париз II „Пантеон-Асас“, одржа предавање во Europe House Skopje посветено на механизмите и современите предизвици на дезинформациите.
Настанот го отвори Н. Е. г. Кристоф Ле Риголер, амбасадор на Франција, а го модерираше г. Грегоар Жислер, директор на Францускиот институт во Скопје и советник за соработка и култура при Амбасадата.
Низ конкретни примери и анализа на медиумските практики, Д’Алмеида истакна дека во дигиталната ера штом дезинформацијата биде пласирана во јавноста, може веднаш да прерасне во несвесно ширење неточнa информациja и дека сите, свесно или несвесно, можеме да станеме нејзини гласници.
Токму затоа, објективноста, почитувањето на вистинитоста на информациите и проверката на фактите останува приоритет за сите нас кои сме постојани корисници на информации.
Им благодариме на професорот д’Алмеида, како и на многубројната публика што присуствуваше на ова инзвонредно предавање !






предавање на фабрис д’алмеида
Со задоволство ви го најавуваме гостувањето на Фабрис Д’Алмеида во Скопје, медиумски историчар и специјалист на темата „дезинформации’“, кој ќе одржи предавање за механизмите и современите предизвици на дезинформациите — истражувајќи го нивното потекло, денешните техники и начините како да се заштитиме од нив.
Оваа средба се впишува во дебатите за дезинформациите и одново нуди алатки за подобро разбирање на информацијата во дигиталната ера.
Со симултан превод
Во соработка со фондацијата Метаморфозис
Кој е Фабрис Д’Aлмеида?
Фабрис Д’Алмеида е историчар и истражувач.
Предава историја на медиумите и пропагандата на Францускиот институт за печат (ФИП) при Универзитетот Париз II Пантеон каде е раководител на мастер студиите „Медиуми и глобализација”.
Поранешен член на Француската школа во Рим и добитник на престижната стипендија „Александар фон Хумболт”, тој исто така бил истражувач во Центарот „Марк Блох” во Берлин. Негова главна научна специјалност е пропагандата преку слика и манипулацијата, а во 1992 година бил еден од основачите на Групата за проучување на неподвижни слики (ЖЕИФ) при Универзитетот во Нантер. Од 2006 до 2008 година го раководел Институтот за историја на сегашното време (ИХТП).
Автор на бројни научни трудови и постојано присутени на радио и ТВ каналите, Д’Aлмеида е и водител на документарната серија „La Case du siècle” на францускиот канал France 5.
Во 2011 година е именуван за главен уредник во реномираната издавачка куќа Фајар, а исто така раководи и со колекцијата „Историја, Култури и Општини” при издавачката куќа Сели Арслан.
Во 2017 година во Скопје, на Фабрисму е доделена титулата доктор хонорис кауза на Интернационалниот универзитет „Еуропа Прима” во Скопје.



