Натпревар по изразно читање 2024 I 16.03.2024 I Kинотека

Pozadini Za Sajt (2)

Натпревар по изразно читање 2024 I 16.03.2024 I Kинотека

Големото финале се одржа во сабота, 16 март 2024, во 13 часот, во Кинотека

По повод осмото издание на Ноќ на книгата, Францускиот институт во Скопје организираше натпревар за изразно читање отворен за учениците и студентите од С. Македонија кои зборуваат француски. По минатогодишната тема „страв“, овогодинешната тема беше „Тело”, во чест на Олимписките и Параолимписките игри кои ќе се одржат ова лето во Париз.

За да учествуваат на натпреварот, учениците и студентите требаше да направат видео од 2 до најмногу 4 минути од читањето извадок на француски јазик на тема „Тело” (телото низ метаморфоза, телото во страдање, телото во движење преку спортот, танцот, телото во инвалидитет итн…) и истото го објавија до 22 февруари 2024 година, во Фејсбук групата „Натпревар по изразно читање 2024“.

Правила за учество:

1. Видеото мора да биде објавено на Фејсбук страницата посветена на Конкурсот.
2. Бројот на учесници е ограничен на максимум 12 ученици од училиште. Препораката е учесниците да се пријават преку нивниот професор по француски јазик.
3. Видеото мора да биде објавено на Фејсбук страницата посветена на Конкурсот. Учесниците треба задолжително да наведат:
– Име и презиме
– Името на институцијата од каде се пријавувате (основно/средно училиште или факултет и градот).
– Името на авторот и делото.

Понудени ресурси на веб-страницата „ Nuit de la lecture“

Жирито на натпреварот, составено од истакнати професори по француски јазик, избраа петмина финалисти во категоријата средно училиште, петмина финалисти во категоријата средно училиште и петмина во категоријата студенти, како и 3 најдобри видеа (по категорија),

според следниве критериуми:

– Правилен изговор

– Изразно читање

Избраните финалисти беа објавени на 7 март 2024 година и зедоа учество на големото финале на натпреварот што се одржа в сабота, 16 март 2024,
во 13 часот во Кинотеката на Северна Македонија.

Сите 77 учесници ќе добијат потврда за учество во пдф формат.

Сите 15 финалисти и победничките видеа ќе добијат по еден стрип на француски јазик, безжични слушалки или звучници и бесплатно членство во медијатеката на ФИС како и бесплатен пристап во електронската библиотека Culturethèque во трење од една година

.

Победниците од сите три категории (првите места) ќе добијат три месеци бесплатен онлајн курс по француски јазик од нашиот партнер Gymglish во рамките на нивната понуда на часови Франтастик.

За сите прашања поврзани со конкурсот обратете се на mediatheque@ifs.mk

Во прилог е редоследот по кој настапија финалистите основци, средношколци и студенти :

Прекрасниот амбиент за време на финалето на #CONCOURSDELALECTURE2023