Натпревар по изразно читање 2024

Pozadini Za Sajt (2)

Натпревар по изразно читање 2024

По повод осмото издание на Ноќ на книгата, Францускиот институт во Скопје организира натпревар за изразно читање отворен за учениците и студентите од С. Македонија кои зборуваат француски. По минатогодишната тема „страв“, овогодинешната тема е „Тело”, во чест на Олимписките и Параолимписките игри кои ќе се одржат ова лето во Париз.

За да учествувате на натпреварот, треба да направите видео од 2 до најмногу 4 минути од читањето извадок на француски јазик на тема „Тело” (телото низ метаморфоза, телото во страдање, телото во движење преку спортот, танцот, телото во инвалидитет итн…) и да го објавите, најдоцна до 22 февруари 2024 година, во Фејсбук групата „Натпревар по изразно читање 2024“.

Големото финале ќе се одржи во сабота, 16 март 2024, во 13 часот, во Кинотека на С. Македонија

Правила за учество:

  • Видеото треба да ве прикаже вас додека го читате текстот (максимум 2-4 минути)
  • Погрижете се вашиот глас да биде јасен и звучен (важно е жирито да може да ве слушне)
  • Секаков декор и сценографија се дозволени.
  • Видеото мора да биде објавено на Фејсбук страницата посветена на Конкурсот.
  • Бројот на учесници е ограничен на максимум 12 ученици од училиште. Препораката е учесниците да се пријават преку нивниот професор по француски јазик.

Учесниците треба задолжително да наведат:

  • Име и презиме
  • Името на институцијата од каде се пријавувате (основно/средно училиште или факултет и градот).
  • Името на авторот и делото.

Жирито на натпреварот, составено од истакнати професори по француски јазик, ќе избере петмина финалисти во категоријата средно училиште, петмина финалисти во категоријата средно училиште и петмина во категоријата студенти, како и 3 најдобри видеа (по категорија) според следниве критериуми:

  • Правилен изговор
  • Изразно читање

Избраните финалисти ќе бидат објавени на 7 март 2024 година и ќе учествуваат на големото финале на натпреварот што ќе се одржи в сабота, 16 март 2024,
во 13 часот во Кинотеката на Северна Македонија.

Сите учесници на Натпреварот ќе добијат благодарница за учество.

Финалистите ќе добијат имаат бесплатен пристап до медијатеката и Culturethèque во времетрање од една година.

Вредни награди ќе бидат доделени на најдобрите во секоја категорија!

За сите прашања поврзани со конкурсот обратете се на mediatheque@ifs.mk


При одбирање на текстовите, наставниците и учениците можат да се инспирираат од ресурсите кои се нудат на веб-страницата Nuit de la lecture :

Прекрасниот амбиент за време на финалето на #CONCOURSDELALECTURE2023