11 Мај Француска вечер со квартетот Хермес I Фестивал Охридско лето I 30.07.2026
Четврток, 30 јули 2026 | Црква Света Софија
Концерт на квартетот хермес
француска вечер во рамките на
охридско лето
Четврток, 30 јули 2026 | Црква Света Софија
Квартетот Хермес е француски камерен музички ансамбл основан во 2008 година на Националниот виш конзерваториум за музика и танц во Лион, во состав Омер Буше и Елис Лиу (виолини), Лу Јунгсин Чанг (виола) и Јан Левионоа (виолончело), кој се наметна како еден од најзабележителните француски квартети на својата генерација.
Од своето основање, Квартетот Хермес освои неколку престижни меѓународни награди — меѓу кои Прва награда на Меѓународниот натпревар за камерна музика во Женева и наградата на Young Concert Artists International Auditions во Њујорк — и настапи во светски познати сали и фестивали, во Франција, Европа и пошироко.
Нивните изведби, вклучувајќи комплетна едиција на квартетите на Шуман, како и интерпретации на Равел, Дебиси, Дитијо и Шуберт, наидоа на пофалби од меѓународната специјализирана критика, потврдувајќи ги нивната интерпретативна чувствителност и маестрална техника .
Настапот на Квартетот Хермес на овој фестивал се вклопува во рамките на долгогодишната традиционална француска вечер, плод на соработката меѓу Француската амбасада, Францускиот институт во Скопје и фестивалот, зајакнувајќи ја видливоста на француското класично творештво пред домашната и меѓународната публика.


