Програма за поддршка на издавачката дејност

Pap Ifparis2

Програма за поддршка на издавачката дејност

Програмата за поддршка на издаваштвото на Францускиот институт во Париз ја помага дејноста на странските издавачи кои објавуваат француски наслови, олеснувајќи го, на тој начин, пристапот на нефранкофоните читатели до француското творештво и современата француска мисла.

Програмата за поддршка на издавачката дејност опфаќа и откупување на авторските права за преводи на дела од француски на други јазици (на македонски и/или на албански јазик).

Програмата за поддршка на издаваштвото се однесува на дела од најразлични области: книжевност, општествени науки, наслови за млади, стрип, универзитетска и научна литература (исклучени се школски материјало, технички дела и книги прирачници).

Оваа програма не ги покрива преводите на домашни дела кон француски јазик.

Не се дозволени барања за наслови чии права за превод се веќе откупени кај францускиот издавач.

Секоја заинтересирана издавачка куќа треба претходно да достави досие до Францускиот институт во Скопје.

Контакт: culture@ifs.mk

Тел.: 02 3118 503 / 070 303 755