10 Мар Летен регионален онлајн универзитет | од 21 до 25 јуни 2021
Преземете ја програмата на Универзитетот.
* * * * *
Годинава, Францускиот институт во Скопје организира Летен регионален онлајн универзитет во духот на традиционалниот регионален универзитет во Струга, којшто повеќе од 20 години обединува на едно место стотина професори од Балканот и од Југоисточна Европа.
Овогодишното издание на универзитетот ќе биде онлајн со педагошки работилници наменети за професорите по и на француски јазик од земјава и од регионот (Албанија, Босна и Херцеговина, Косово, Србија, Хрватска).
Основната цел на овој регионален универзитет е да се зголеми визибилитетот на францускиот јазик, да се зајакне неговото место во образовните системи во земјите на присутните учесници, но и да се создаде вистинска кохезија и професионална размена на искуства помеѓу професорите од Југоисточна Европа.
* * * * *
ДАТА И МЕСТО
Летниот регионален онлајн универзитет ќе се одржи од понеделник 21 јуни до петок 25 јуни 2021.
Наставата ќе се одвива на далечина, преку платформата Zoom.
* * * * *
ПРИНЦИПИ НА ОБУКАТА
- Летниот регионален онлајн универзитет ви нуди 3 работилници, секоја во времетраење од 9 часа. Потребно е професорот да се запише на работилницата за која е заинтересиран и истата да ја проследи во целост ; на крајот од обуката ќе му биде издаден сертификат (којшто учесникот ќе го добие со редовно следење на наставата).
- Во моментот на упис, професорот ги наведува работилниците согласно интересот; датата на пријавување ќе биде клучна за да биде запишан кандидатот.
- Обучувачите се професионалци и експерти на темата на која ги држат предавањата, а изборот е направен од страна на организаторскиот тим.
- Освен 3-те понудени работилници, предвидено е предавање во рамките на официјално отворање на универзитетот, промоција на дидактички материјал за Европската унија, заклучоци од семинарот, промоција на новитети од француски издавачи и еден културен настан.
* * * * *
ПРЕДЛОГ РАБОТИЛНИЦИ ВО РАМКИТЕ НА ОБУКАТА
-> РАБОТИЛНИЦА 1 : „Наставник-претприемач: како да го зголемите вашето влијание за време на часот и по истиот“, Емили ЛЕР, професор и професионален обучувач за француски како странски јазик, експерт на France Education international
-> РАБОТИЛНИЦА 2 : „Онлајн театар – да, применливо е!“, Адриен ПАЈЕ, наставник, актер и обучувач
-> РАБОТИЛНИЦА 3 : „Настава за школска публика: како да се мотивираат учениците на учење“, Бернар ГРИА, наставник и обучувач за француски како странски јазик
* * * * *
Настанот официјално ќе го отвори Амбасадорот на Франција, Н.Е. г-дин Сирил Бомгартнер, в понеделник, 21 јуни, во 10 часот.
Веднаш по отворањето, ќе биде одржано воведно предавање на г-дин Марсел Лебрен, насловено „Обратни улоги за време на часовите, педагошки тренд или вовед во школо на иднината?“ на тема новите трендови во изучување на јазиците.
На 23 јуни, предвидена е промоција на новитети од француски издавачки куќи.
* * * * *
КУЛТУРНИ АКТИВНОСТИ, ПРОМОЦИИ, РАЗМЕНИ НА ИСКУСТВА
Со цел збогатување на програмата, проширување на професионалните хоризонти и следење на актуелните случувања, ви предлагаме и промоција на дидактички материјал за Европската унија, од страна на Ана Крстиновска, претседателка на ЕСТИМА, конципиран за учениците кои го изучуваат францускиот јазик, презентација на проектот за рано изучување на францускиот јазик, од страна на проф. д-р Снежана Петрова, професорка на Катедрата за француски јазик и книжевност при Универзитетот „Свети Кирил и Методиј“ во Скопје, како и емисија за гигантот на француската книжевност, Гистав Флобер, чија 200 годишнина од раѓањето се одбележува токму годинава.
* * * * *
УСЛОВИ ЗА УЧЕСТВО НА ОБУКАТА
Францускиот институт во Скопје ги покрива педагошките трошоци за сите професори од Балканот и од Југоисточна Европа кои уредно ќе се запишат на обуката.
* * * * *
УПИС
Не пропуштајте да бидете дел од Летниот регионален онлајн универзитет, средиште на франкофонските збиднувања!
Детална програма ќе му биде испратена на секој кандидат посебно.
Уписите се отворени од 19 април до 14 мај 2021.
Кликнете ТУКА за да се запишете.
Контакт : education@ifs.mk
Летниот регионален онлајн универзитет на социјалните мрежи: #UniDEte2021