Француска вечер на фестивалот Охридско лето со рециталот на харфистката Елоиз Карлеан-Џонс | 31.07.2021

Heloise Carlean Jones1

Француска вечер на фестивалот Охридско лето со рециталот на харфистката Елоиз Карлеан-Џонс | 31.07.2021

Сабота 31 јули 2021, 21:00 ч. | Црква Света Софија во Охрид

 

Француска вечер на Фестивалот Охридско лето

Рецитал на харфистката Елоиз Карлеан-Џонс

Фестивалот Охридско лето и Францускиот институт во Скопје ви предлагаат редок концерт на традиционалната француска вечер во рамките на овој фестивал: рецитал на младата и талентирана харфистка Елоиз Карлеан-Џонс.

Повеќе информации на веб страницата на Фестивалот Охридско лето.

Елоиз Карлеан-Џонс е француска харфистка, со јужноафриканско потекло. Денес, таа е член на Нацационалниот воен оркестар.

Откако се стекнува со диплома за завршени студии во Париз, таа заминува за САД со цел да продолжи со студиите на Музичкиот институт Куртис.

Магистрира на Јеил, а за време на подготовката на магистерските студии, таа држи и вежби на студентите кои студираат харфа.

Елоиз Карлеан-Џонс настапува со големи оркестри, како Филаделфискиот национален оркестар, Симфонијата Нов свет, Оркестарот Аспен, Тангелвуд оркестарот…

Натсапува и со камерни оркестри како Музичкиот камерен оркестар Стерлинг.

Карлеан-Џонс, исто така, се интересира за современа музика и настапува со музичките состави Куртис 20/21 и со New Music New Haven, со кои таа изведува бројни дела од 20 и 21 век.

Нејзината страст за харфата не се ограничува на овој инструмент за изведба на современи дела: изведува барокни дела на мастерклас на Соспел и и со Јеил барок опера проект.