Француска вечер на фестивалот Охридско лето | 17.08.2020

Braquet Labert

Француска вечер на фестивалот Охридско лето | 17.08.2020

Концерт на талентираното француско музичко дуо
Аријана Браке, обоистка, и Теодор Ламбер, пијанист

Понеделник 17 август 2020, 20:30 ч.
Црква Света Софија

Програма на вечерта:

  • Clara Schumann, Romances op 22
  • M. Dranishnikova, Poème pour hautbois et piano
  • P.I. Tchaikovsky, Romance op 16, n°1 Lullaby
  • F. Poulenc, Sonate pour hautbois et piano
  • S. Rachmaninov, Étude op 39 n°5
  • A. Pasculli, Concert Un motif de l’opéra « la Favorita » de Donizetti

Аријана Браке е обоистка и настапува со оркестри, камерни состави, како солистка, а воедно е наставник. Таа има истенчен стил на изведба, секогаш е во потрага по разновидност на репертоарот. По петгодишните студии на Конзерваториумот Сержи-Понтоаз, таа ја добива наградата за свирење обоа и камерна музика со едногласна одлука на жирито.
Потоа се запушува на прискиот Конзерваториум каде следии часови по музика од минатотот, како и на Конзерваториумот за музика и танц во Париз.
Со четворица пријатели од Конзерваториумот, таа го основа дувачкиот квинтет Апалон, со кого редовно настапува.
Нејзината љубов за оркестрален настап ја поттикнува уметницата да земе учество на меѓународните сцени, како на Фестривалот Шлајсвиг Холштајн, под палката на познати диригенти.
Аријана Браке редовно настапува со класични ансабли како оркестарот Ламуре, оркестарот Нова Европа под диригентство на Николас Краузе, кога настапува како солистка во 2016 година, или пак во Центарот за камерна музика во Париз каде моментално работи на претстава и музички спектакл на тема Маскенбал на Пуленк.

Теодор Ламбер е роден во 1990 година, а со свирење пијано започнува на деветгодишна возраст. По студиите на регионалните музички конзерваториуми во Булоњ Биланкур, Иси-ле-Мулино, Роменвил, тој се запиушува на парискиот Конзерваториум во класата на Емануел Штросер и Сесил Игонар-Рош, и на Себастијен Вишар , Жан-Фредерик Небиргер и Јуми Оцу.
Лауреат е на Меѓународниот натпревар Клод Бонетон во Сет (награда од публиката), како и на натпореварот „Младите солисти на Сорбона“. Денес настапува низ цела Франција.

Резерврирајте билети преку Фестивалот.