Филмска вечер | ТВ премиера „Се гледаме горе“ | 20.12.2020

Aurevoir Lahaut 2020 1

Филмска вечер | ТВ премиера „Се гледаме горе“ | 20.12.2020

За крајот на годината, поминете една пријатна филмска вечер пред ТВ екраните со филмската премиера:

„Се гледаме горе“

на Албер Дипонтел  (2017, 1ч57), со Најел Перез Бискајар, Албер Дипонтел, Лоран Лафит

Недела 20 декември 2020, 22:20 |  ТВ 24

 

Резиме: Ноември, 1919 година. Двјаца избегани војници од рововите – едниот генијален уметник, другиот скромен сметководител – ќе направат измама со спомениците на мртвите. Франција минува низ еден луд период и овој потфат е колку опасен, толку и спектакуларен.

 

Филмот е адаптација на истоимениот роман на Пјер Леметр, којшто е добитник на престижната Гонкурова награда во 2013 година. 

Филмот е награден со 5 награди Цезар во 2018 (Најдобар режисер, Најдобра екранизација на книга, Најдобар декор, Најдобра костимографија, Најдобра фотографија) и беше номиниран за 7 награди Цезар (Најдобар филм, Најдобар актер, Најдобра актерка во споредна улога, Најдобар актер во споредна улога, Најдобра оригинална музика).

 

Филмот е со превод на македонски јазик.

Со поддршка на АЛДА.