19 Окт Месечни кино средби I Тест на издржливост I Среда 21.10 2026 | 20:00 | Кинотека
Тест на издржливост
(2025, 110 мин. )
во режија на Орелијан Пере, со Феликс Лефевр, Ања Вендероса и Сузан Жуане
Синопсис:
Иго има 19 години. Како и секое лето, празниците ги минува на еден остров во Атлантскиот Океан, во мала семејна куќа. Но оваа година е поинаква. Иго, пред сè, физички се променил, а оваа година доаѓа со девојка му Квин, козметичарка со изразен темперамент и вештачки нокти со циркони.
Нејзиниот впечатлив стил е во целосна спротивност со воздржаноста и срамежливоста на младиот Иго. За кратко време, нивната врска привлекува сè поголемо внимание.
Медиумите напишаа:
Крајот на адолесценцијата, класната борба и туѓото мислење – овој искрен и трогателен дебитантски филм го открива талентот на главната протагонистка и ја потврдува умешноста на останатите членови на екипата. (Банд а пар)
Филмот на Орелијан Пере е ода на тоа да останеме свои и да ги сакаме луѓето што сме одбрале да ги сакаме, и покрај општествената осуда. Тој нè поттикнува да останеме доследни на себе, дури и ако тоа значи дека нема да бидеме прифатени од групи кои честопати се токсични. (Франс инфо)
Францускиот институт во Скопје и Кинотека обезбедија ограничен број бесплатни билети, кои ќе се доделуваат според принципот „прв дојден, прв услужен“, до нивното исцрпување.
Билетите се во продажба во Кинотека, за да обезбедите билети, ве замолуваме да дојдете 20 минути пред почетокот на проекцијата
Телефон на Кинотека : + 389 2 306 59 68 ; mob : 075 451 424


