Месечни кино средби I Борго (2024) I Четврток 28 мај 2026 | 20:00 | Кинотека

Event Model

Месечни кино средби I Борго (2024) I Четврток 28 мај 2026 | 20:00 | Кинотека

Билетите се во продажба во Кинотека, за да обезбедите билети, ве замолуваме да дојдете 20 минути пред почетокот на проекцијата

Телефон на Кинотека : + 389 2 306 59 68 ; mob : 075 451 424

**Оваа проекција е во знак на најава на Фестивалот на француски филм, кој ќе се одржи во јуни со фокус на корзикански филмови (наскоро повеќе информации).

« Борго »

(2024, 118 мин. )

на Стефан Демустие, со Хафсија Херзи, Муса Мансали и Луј Меми

Синопсис:

Мелиса, 32-годишна искусна чуварка во затвор, се сели на Корзика со својот сопруг и двете мали деца. За неа, ова е нов почеток и нова можност, па се вработува во тамошниот затвор – но оваа установа не е како другите. Таму затворениците се тие кои ги надгледуваат чуварите.

Вклопувањето на Мелиса во новата средина го олеснува Савериу, млад но влијателен затвореник, кој ја зема под своја закрила. Но штом излегува на слобода, повторно ќе ја побара — овој пат со барање кое не може лесно да се одбие. Оттука, сè тргнува наопаку.За неа, ова е нов почеток и нова можност па се приклучува вработува во тамошниот затвор – но оваа установа и не е баш обична. За таму се вели дека затворениците се тие кои ги надгледуваат чуварите.

Медиумите напишаа:

Во овој т.н филм ноар, Стефан Демустје ги разобличува сите клишеа за Корзика. Резултатот е ремек дело, едно од најдобрите француски филмски остварувања на годината. (Мариан)

Двојно мистериозно убиство. Остров чија убавина не може да го прикрие насилството. Од самиот почеток, „Борго” нè остава без здив уште од првиот кадар . (20 минит)