Книжевна средба и промоција на македонскиот превод на „Настанот“ од Ани Ерно | 05.11.2026

Event Model

Книжевна средба и промоција на македонскиот превод на „Настанот“ од Ани Ерно | 05.11.2026

Четврток 05.11.2026 | 18:00 | Француски институт во Скопје

Книжевна средба

Четврток 05.11.2026 | 18:00 | Француски институт во Скопје

По успешната книжевна средба посветена на Ани Ерно минатата пролет, Францускиот институт во Скопје и издавачката куќа „Илика“ продолжуваат да го доближуваат творештвото на добитничката на Нобеловата награда за литература во 2022 година до македонската публика.

Овојпат, средбата е посветена на промоцијата на македонскиот превод на романот „Настанот“.

Како една од најзначајните авторки на современата француска литература, Ани Ерно во ова дело на искрен и впечатлив начин пишува за интимното искуство, телото, положбата на жената и сеќавањето, со препознатлив, воздржан и прецизен стил.

Промоција на преводот и дебата

На средбата ќе учествуваат универзитетски професори, писатели и читатели, кои ќе разговараат за книжевното и општественото значење на ова дело, кое денес се смета за едно од значајните остварувања на современата литература.

Публиката ќе има можност активно да се вклучи во дискусијата и да учествува во размената на мислења со читателите и познавачите на делото.

Елисавета Поповска, професорка на Филолошкиот факултет „Блаже Конески“ во Скопје и преведувачка на романот „Настанот“.

Ep 1

Модератор: Ведран Диздаревиќ, професор на Филолошкиот факултет, Катедра за компаративна книжевност.

Vedran

Средбата е можност да продолжи разговорот за творештвото на Ани Ерно, кое и понатаму силно одекнува кај македонската публика.

Средбата ќе се одвива на македонски јазик.

Во соработка со издавачката куќа „Илика“