Книжевна средба со Орор Туја од „Галимар“ во рамките на фестивалот „Про-за Балкан“ | 20.09.2022

1auroretouya

Книжевна средба со Орор Туја од „Галимар“ во рамките на фестивалот „Про-за Балкан“ | 20.09.2022

Вторник 20 септември 2022, 17:00 | Француски институт во Скопје

Фестивалот „Про-за Балкан“ ја кани г-ѓа Орор Туја, уредничка и координаторка за странска литература во една од најпрестижните француски издавачки куќи, Галимар.

Г-ѓа Туја ќе земе учество на тркалезна маса во рамките на фестивалот.

Таа, за време на средбата во Францускиот институт во Скопје, ќе проговори за нејзната богата кариера и нејзината професија која се состои во координација на странски книжевности во издавачката куќа Галимар.

Повелете!