07 Апр „Само среќа“ на Томео Вержес и Сандрин Мезонев на Скопје Танц фест | 11.04.2022
Понеделник 11 април 2022, 20 часот | Дом на АРМ
Учество на 18-то издание на Скопје Танц фест
„Само среќа“ на Томео Вержес и Сандрин Мезонев
Изведба: Сандрин Мезонев
Национален центар за кореографија на Тулуз Окситанија
Соло настап кој ја има за тема условеноста на женската еманципација. Што значи да се биде жена? На какви барања, на каков општетствен притисок таа е принудена да се повини? Томео Вержес изнајде извонредна сценска метафора задирајќи во прашањето што сè се очекува од жената и со какви принуди таа се соочува за да влезе во шаблонот кој и’ е наметнат. Сандрин Мезонев се наоѓа наспроти еден таков шаблон: следејќи го ритамот на еден хипнотизирачки метроном, таа се обидува да го стигне неговото темпо , се движи и изведува след од вообичаени движења. И против нејзина желба, таа е заробеник на навиките, води битка со повторливоста, си поигрува со клишеата и се движи од сликата на совршена жена кон целосна трансформација преку Танцот на жена-воин од времето на предците. Забавно, трогателно и ослободувачки!
Со поддршка на Францускиот институт во Париз и во рамките на програмата „Колекции есен-пролет 2022“.