Промоција на каталогот на изложбата „Париски рефлексии“ | 1.02.2023

Pozadina Catalogue Reflets De Paris

Промоција на каталогот на изложбата „Париски рефлексии“ | 1.02.2023

Среда 1-ви февруари 2023, 12:00 | Галерија Чифте амам

Промоција на каталогот на изложбата

„Париски рефлексии“

Националната галерија, во соработка со Францускиот институт во Скопје, во чест на одбележување на Франкофонијата, поставија изложба од педесетина дела на некои од основачите на македонското сликарство, меѓу кои Димитар Пандилов Аврамовски, Лена Стефанова, Томо Владимирски, Борко Лазески, Никола Мартиноски и Лазар Личеноски.

Францускиот институт во Скопје и Националната галерија ве канат на промоцијата за каталогот на оваа убава изложба која сведочи за влијанието на париската школа врз најзначајните македонски уметници.

За оваа прилика, неколку дела од великаните на македонското сликарство повторно ќе бидат изложени во главната сала на Чифте амам.

Можност да погледнете одново неколку ремек-дела! 

borko-mala-rez