Учество на Фестивалот на креативен документарен филм „Македокс“ | 19- 26.08.2020

Christine Camdessus

Учество на Фестивалот на креативен документарен филм „Македокс“ | 19- 26.08.2020

Единаесеттото идание на Фестивалот на документарен филм Македокс, кое ќе се одржи од 19 до 26 август 2020 година, во една поинаква форма, со проекции на отворено и еден дел онлајн.

Францускиот институт во Скопје зема учество на овој фестивал со онлајн учеството на г-ѓа Кристин Камдеси, Директорка на Меѓународниот фестивал за документарни филмови ФИПАДОК во Бјариц.

Во рамките на својата програма, фестивалот Македокс ќе го прикаже најновиот документарен филм на Ибер Сопер, австриски режисер кој живее и твори во Франција од 1994 година наваму:

„ЕПИЦЕНТАР“ на Ибер Сопер (2020, 108 минути), Гран При за најдобар документарен филм на фестивалот Санденс 2020

Во „Епицентар“, Саупер истражува цел еден век на интервенционизам и создавање на митови кај жителите во Ла Хавана, а особено кај децата, коишто ги нарекува „млади пророци“. Преку ова тој го истражува времето, империјализмот и самата кинематографија.

Местото и времето дополнително ќе бидат соопштени.