Учество на фестивалот КинеНова | 18.11.2021

Kinenova

Учество на фестивалот КинеНова | 18.11.2021

Францускиот институт во Скопје за првпат учествува на фестивалот КинеНова, чија цел е да им доближи на јавноста двајца одлични француски режисери на границата меѓу комерцијалното кино и авторскиот филм: Лик Бесон и Јан Кунен.

Фестивалот оваа година овозможува со физичко присуство на проекциите, а се одржува од 27 до 31 октомври 2021 година.

*         *         *

Во вториот дел, програмската програма на фестивалот ќе се емитува на каналот ТВ 24, од 3 до 30 ноември 2021 година.

Четврток 18 ноември 2021 година, 22ч30 | ТВ 24

„ДОБЕРМАН“ од Јан Кунен (1997), со Винсент Касел, Моника Белучи и Чеки Карјо

Доберман и неговата банда се на сите насловни на црната хроника! Крадат сè: банки, пошто, блиндирани возила. Разбојништво од невидени размери! Наспроти нив, нечист цајкан, којшто нивното апсење го прикажува како личен потег.

image-w1280

*         *         *

Недела 31 октомври 2021 година, 18 часот | Кинотека на Северна Македонија

„МЕТРО“ од Лик Бесон (1985), со Изабел Аџани, Кристоф Ламбер и Ришар Боренже

Еден човек, откако ќе украде компромитирачки документи, се засолнува во фасцинантниот но вознемирувачки свет на париското метро. Се организира немилосрдна потрага во текот на која се начнуваат чудни односи помеѓу провалникот и неговата жртва.

Subway