Трето издание на натпреварот по изразно читање I Финале: 15 март 2025

Pozadini Za Sajt I Fb Cover

Трето издание на натпреварот по изразно читање I Финале: 15 март 2025

Краен рок за пријавување: 21 февруари 2025 I Финале: 15 март 2025 година I од 13:00 до 16:00 часот I Кинотека.

Натпревар по изразно читање

финале: 15 март 2025

Драги учесници, драги професори по француски, голема благодарност за вашето учество, на третото издание на натпреварот за изразно читање, како и за прекрасниот амбиент на настанот.

Сите финалисти-победници во својата категорија, добија награди од Францускиот институт во Скопје и oд Амбасадите на Швајцарија, Романија, Бугарија и Грција.

Освен тоа, сите финалисти ќе добијат и потврди за освоено место, бесплатно членство во медијатеката, како и бесплатен пристап во електронската библиотека #Culturethèque во траење од една година.

Им честитаме на сите натпреварувачи за најмасовното учество досега, со дури 106 видеа и се заблагодаруваме на Кинотека и Амбасадите на Швајцарија, Романија, Бугарија и Грција кои за прв пат оваа година зедоа учество во овој натпревар!

Подолу се имињата на победниците на напреварот ; а ние ви закажуваме средба следната година на ново издание на овој натпревар!

Catégorie « Collège »

1ère place : KJOSIKJ Nina

2e place : ROMEVA Mishela

3e place : DUROVA Evalin

Catégorie « Collège international »

1ère place : FILIPOVSKI Christabelle

2e place : MACHITIDZE Luka

3e place : RADVANSZKI Anna

Catégorie « Lycée sections classiques »

1ère place : RISTESKA Jovana

2e place : GAPKOVSKA Nina

3e place : ISMAILI Haya

Catégorie « Lycée sections bilingues francophones »

1ère place : CVETKOVSKI Aleksandar

2e place : DAMJANOVIKJ Bela

3e place : NEDELKOVSKA Milena

Catégorie « Lycée international »

1ère place : FIATAL Mia

2e place : DEMIRAG Defne

3e place : ZORZIKJ Andrea

Catégorie « Étudiant »

1ère place : MARJANOVIKJ Vlajko

2e place : POPOVSKA Mila

3e place : STOJANOVSKA Magdalena

Les 6 meilleures vidéos dans le cadre du Concours de lecture à voix haute 2025, par ordre alphabétique:

Vasil ANGELOV

Karolina DENKOVSKA

Jasmin MIRCHEVSKA

Lina CHASHITOVSKA

Marija PETROVSKA

Mila POPOVSKA

240918 Ndl Vignettes 500x500 2

По повод 9-то издание на „Ноќ на читањето“, Францускиот институт во Скопје организира натпревар по изразно читање на француски јазик, отворен за ученици кои го изучуваат францускиот јазик.

Оваа година ги истакнуваме франкофонските автори од Грција, Бугарија, Романија, Албанија, Белгија, Швајцарија, Канада… и секако, Франција,

Учесниците читаат текст, извадок или стихови на француски јазик од француски или франкофонски автори по сопствен избор.

Во рамките на овогодинешното издание при изборот на дела, вклучени се и преводи на француски јазик на автори од Грција, Бугарија, Романија, Албанија и Северна Македонија.

Натпреварот е наменет за учесници од основните училишта од шесто до деветто одделение , средношколци и студенти франкофони од целата држава .

Правилник за учество во натпреварот:

Учесниците се поделени во 6 категории:

  1. Категорија основно образование (6 до 9 одд.)
  2. Категорија средно образование – класична паралелка
  3. Категорија средно образование – франкофонска билингвална паралелка
  4. Категорија меѓународни основни училишта
  5. Категорија меѓународни средни училишта
  6. Категорија студенти

За да учествувате треба да:

  1. Да одберете текст од француски или франкофонски автор, согласно идејата на овогодинешниот натпревар, наведена погоре.

За избор на текстови, професорите и учениците необврзно можат да користат книги достапни во медијатеката на Францускиот институт во Скопје.

Исто така, можете да користите аудио-книги достапни на Culturethèque

  1. Снимите видео во времетрање од 2 до 4 минути, во кое го читате избраното четиво.

  • Видеото мора да ја запази рамката на времетрање –минимум 2, максимум 4 минути и треба да го прикаже учесникот како го чита својот текст.

  • Ве молиме обрнете внимание на квалитетот на звукот при снимањето на вашите видеа. Гласот на учесникот мора да биде јасен и разбирлив за да може добро да се слушне.

  • Сите форми на сценска интерпретација се дозволени. Ги охрабруваме учесниците да ја користат својата креативност.

  1. Објавете го видеото во Facebook групата наменета за Натпреварот по изразно читање 2025, во периодот од 1 до 16 февруари 2025 година.

  • Учесникот задолжително треба да го наведе своето име и презиме, како и името на училиштето и градот при објавување на видеото во групата наменета за натпреварот.

  • Ве молиме да ги почитувате правилата на натпреварот и да не чекате до последниот ден за да ги објавите видеата.

Забелешка:

Бројот на кандидати од едно училиште не е ограничен, а пријавувањето се врши преку нивниот професор по француски јазик.

240918 Ndl Vignettes 500x500 2

Селекција:

Во периодот од 17 февруари до 2 март, жирито на натпреварот ќе избере 18 финалисти (по 3 финалисти во секоја категорија) и 6 најдобри видеа (по едно видео од секоја категорија).

Критериуми:

  1. Правилна дикција и артикулација,
  2. Изразно читање

Избраните финалисти ќе бидат објавени на 3 март 2025 година.

Финале и награди

  1. Финале

Избраните финалисти ќе учествуваат во големото финале, кое ќе се одржи во сабота, на 15 март 2025 година, од 13:00 до 16:00 часот во Кинотека.

Во финалето, 18-те финалисти ќе читаат во живо пред публика, а жирито ќе ги прогласи победниците во секоја категорија.

Секој финалист треба да чита различен текст од оној што го претставил во првата селекција.Текстовите ќе бидат претходно избрани од жирито и испратени до финалистите.

  1. Награди

Сите финалисти ќе добијат книга на француски јазик и бесплатен пристап до медијатеката и Culturethèque во траење од една година.

Шестте најдобри видеа од секоја категорија исто така ќе бидат наградени и прикажани за време на големото финале.

За сите прашања поврзани со натпреварот, ве молиме контактирајте нè на:

240918 Ndl Vignettes 500x500 2