Четврто издание на натпреварот по изразно читање I Краен рок: 8 март

Event Model

Четврто издание на натпреварот по изразно читање I Краен рок: 8 март

Краен рок за пријавување: 8 март 2026.

Натпревар по изразно читање 2026

oд 12 февруари до 8 март 2026

По повод 4-то издание на „Ноќ на читањето“, Францускиот институт во Скопје организира натпревар по изразно читање на француски јазик, отворен за ученици кои го изучуваат францускиот јазик.

Oваа година темата на конкурсот е „Села и градови“.

Oпис на темата

Визијата за односот град-село која претежно преовладува до средината на XX век, класично спротивставувајќи ги урбаните и руралните територии, е извор на инспирација за бројни литературни дела, во сите жанрови, од детективски романи па се до научна фантастика и поезија.

Во својата исчезната, современа, футуристичка форма, или фантазија, градот, како водечка инспирација ја храни книжевната и уметничката имагинација, како и социолошките и географски студии.

Водечки литературен мотив во XIX век, градот е место на сите можности, или на сите немири, погодни нести за морална и социјална рефлексија.

Селото пак, како мотив за инспирација во литературата, го преиспитува нашиот однос кон земјата и природата. Синоним за автентичност според некои автори, руралниот простор нуди бесконечна романескна тема преку своите пејзажи, обичаи и традиции и жители.

Денес прашањата за еколошката транзиција ја редефинираат оваа релација помеѓу градовите и селата. Интимно поврзани, овие два географски простори се надополнуваат едни на други и покрај приказите за нив кои се тешко искоренуваат.

Природата, живеалиштата, мобилноста, близината, идентитетот и политичката организација, како и уредувањата и територијалните нееднаквости, се неретко во фокусот на современите автори.

Учесниците читаат текст, извадок или стихови на француски јазик од француски или франкофонски автори по сопствен избор.

Натпреварот е наменет за учесници од основните училишта од шесто до деветто одделение , средношколци и студенти франкофони од целата држава .

Правилник


Учесниците се поделени во 6 категории:

  1. Категорија основно образование (6 до 9 одд.)
  2. Категорија средно образование – класична паралелка
  3. Категорија средно образование – франкофонска билингвална паралелка
  4. Категорија меѓународни основни училишта
  5. Категорија меѓународни средни училишта
  6. Категорија студенти

//: Бројот на кандидати од едно училиште не е ограничен, а пријавувањето се врши преку нивниот професор по француски јазик.

За да учествувате, треба да:

1. Да одберете текст од француски или франкофонски автор, согласно идејата на овогодинешниот натпревар, наведена погоре.


За избор на текстови, професорите и учениците необврзно можат да користат книги достапни во медијатеката на Францускиот институт во Скопје.

Consultez nos propositions.

Vous pouvez également utiliser des livres sélectionnés disponibles à

Или на страницата на „ Ноќ на читањето“


2. Снимeте видео во времетрање од 2 до 4 минути, во кое го читате избраното четиво.

Видеото мора да ја запази рамката на времетрање –минимум 2, максимум 4 минути и треба да го прикаже учесникот како го чита својот текст.

Ве молиме обрнете внимание на квалитетот на звукот при снимањето на вашите видеа. Гласот на учесникот мора да биде јасен и разбирлив за да може добро да се слушне.

Сите форми на сценска интерпретација се дозволени. Ги охрабруваме учесниците да ја користат својата креативност.


3. Oбјавете го видеото

Објавете го видеото во Facebook групата наменета за Натпреварот по изразно читање 2026, во периодот од 12 февруари до 8 март 2026 година. (hashtag #ЧитајНаФранцуски2026).

Учесникот задолжително треба да го наведе своето име и презиме, како и името на училиштето и градот при објавување на видеото во групата наменета за натпреварот.

Ве молиме да ги почитувате правилата на натпреварот и да не чекате до последниот ден за да ги објавите видеата.


3. Селекција:

Од 12 до 23 март 2026 , жирито на натпреварот ќе избере 18 финалисти (по 3 финалисти во секоја категорија)

Критериуми:

– Правилна дикција и артикулација (0-20 поени)

– Изразно читање (0-20 поени)

– Складноста и интересот на избраниот извадокchoisi (0-10 поени )

Избраните финалисти ќе бидат објавени на 23 март 2026 година.


4. Финале и награди

Финале

Избраните финалисти ќе учествуваат во големото финале, кое ќе се одржи во сабота, на 4 април 2026 година, од 12:00 часот во Киноверзум (општина Кисела Вода).

Во финалето, 18-те финалисти ќе читаат во живо пред публика, а жирито ќе ги прогласи победниците во секоја категорија.

Награди

Сите финалисти ќе добијат книга на француски јазик и бесплатен пристап до медијатеката и Culturethèque во траење од една година.

За сите прашања поврзани со натпреварот, ве молиме контактирајте нè на следниоте електроснки адреси или на тел. бр 2 3 118 503 од понеделник до петок од 13 до 16ч.