11 Јан Ноќ на книгата 2021 | 21.01.2021
Четврток 21 јануари 2021, 17 часот
Програма на Ноќ на книгата 2021
Ноќта на книгата е манифестација којашто се организира на иницијатива на француското Министерство за култура во соработка со разни институции и професионални работници во областа на културата: библиотеки, книжарници, автори, издавачи, училишта, локални здруженија…
Француското Министерство за образование и Министерството за Европа и надворешни работи се приклучија кон оваа веќе традиционална манифестација.
Францускиот институт во Скопје ја организира Ноќта на книгата во онлајн формат и се состои во читање на текстови на познати француски автори од страна на ученици од билингвалните паралелки, студенти и професори.
Со учество на Н.Е. г-дин Сирил Бомгартнер, Амбасадор на Франција.
Бидете и вие дел од Ноќта на книгата и уживајте во мислите напишани од Селин, Саган, Ками, Пруст, Сартр, Флобер и Иго.
Регистрирајте се на: culture@ifs.mk