Пијано рецитал на Бертран Жиро на фестивалот „Скупи камер фест“ | 25.09.2021

Piano

Пијано рецитал на Бертран Жиро на фестивалот „Скупи камер фест“ | 25.09.2021

Сабота 25 септември 2021, 19 часот | Македонска филхармонија – мала сала

Фестивал на камерна музика „Скупи Камер фест“ 

Пијано рецитал на Бертан Жиро

  

Бертан Жиро е лауреат на разни национални и меѓународни натпревари: Натпреварот Флам, натпреварот Шопен во Тексас и натпреварот за Милош Магин во Италија. Опусот на изведби на Жиро е особено разновиден. Тој е извонреден солист, но настапувал исто така и со многу оркестри (Филхармонија на Лоџ, Филхармонија на Карлови Вари, Северночешката филхармонија…), како и со други солисти меѓи кои се Канино, Паскиер, Демаркет, Флејмер, Фроманже, Пјерло , Амојал. Исто така, има настапувано со националниот француски октет и со различни музички формации.

Тој успеа да биде одличен во најразновидни состави, како и да работи на нови композиции. Тој е дел од музички фестивали во Франција (Cité de la Musique, Salle Cortot, итн.), но и реализира настапи и ширум светот: Германија, Австрија, Белгија, Бугарија, Кипар, Шпанија, Грција, Италија, итн.

Воедно, тој е уметнички директор на бројни музички настани.