„Киоск“ на Александра Пјанели на „Македокс“ | 23/24.08.2021

Lekiosque1

„Киоск“ на Александра Пјанели на „Македокс“ | 23/24.08.2021

Понеделник 23 и вторник 24 август 2021 | Куршумли ан 

Учество на Францускиот институт во Скопје на деновите посветени на копродукции, во рамките на Фестивалот Македокс, најголемата документарна филмска средба

„МакеКопроДокс“

Францускиот институт во Скопје ќе го поддржи гостувањето на Кристина Камдеси, уметничка директорка на FIPADOC, Меѓународен фестивал на документарен фестивал во Бјариц, и на Мишел Плазане, помошник директор за меѓународна соработка во Националниот центар за филм и анимации.

Потпишувањето на договорот за копродукција помеѓу Франција и Северна Македонија, во февруари 2021, ќе биде во фокус на оваа средба.

________

 

На програмата на фестивалот, предвидена е проекција на документарниот филм (датата дополнително ќе биде назначена)

„Киоск“

на Александра Пјанели (Франција, 2021)

 

Париз, киоск за весници. Александра е режисерка, ќерка, внука и правнука на сопственици на киоск. Таа доаѓа да и’ помогне на мајка си и, како кога си играла како дете, се внесува во улогата на прдавачка. Од малото прозорче кон улицата, таа снима и внимателно ја прикажува позадината на работата како и постојаното дефиле на секакви клиенти. Но, печатените весници и малите продавнички во околината се во криза, па оваа игра излегува дека е посложена одошто беше предвидено…