05 Окт Фестивал French Connection – улична уметност во Скопје, Тетово и Битола
Тетово: 14 октомври 2026
Скопје : 16 и 17 октомври 2026
Битола: 16 октомври 2026
Улична уметност
Скопје 16 – 17.10
Францускиот институт во Скопје ќе го прикаже првото издание на фестивалот French Connecion – Фокус на уличнaта уметност, со идеја да прерасне во значаен годишен настан, во пресрет на Скопје – Европска престолнина на културата, 2028 година.
Програмата на ова прво издание превидува француски театарски трупи кои со своите настапи гостуваат во Скопје, Битола и Тетово ги спојуваат перформансот, музиката и интеракцијата со публиката.
Истовремено, проектот предвидува и едукативна програма, со работилници за запознавање со уличните уметности и активности во соработка со Француското интернационално училиште ЕФИС и Француските алијанси во Битола и Тетово.
Благодарение на соработката со партнери од Франција и Северна Македонија, French Connecion ќе поттикне размена меѓу француските и македонските уметници, а истовремено ќе го истакне културниот и туристичкиот потенцијал на уличните уметности.
Настанот има за цел да привлече бројна публика, да ги промовира уличните уметности и да ги постави темелите за одржлив фестивал што ќе ги поврзува уметниците, публиката и градовите.
Петок, 16.10 2026 – Плоштад Македонија
20:00 „Селест“ на трупата „Деплиме“
СЕЛЕСТ доаѓа од едно мистериозно далечно место кое се наоѓа во сите нас. Од каде точно доаѓа, никој не знае, но очигледно доволно далено за да нема сеќавање на своето потекло.
На нашата планета, СЕЛЕСТ ја открива материјата, ги запознава луѓето и налик на ѕвезда, им го осветлува патот.
СЕЛЕСТ, огромна и сјајна, се провлекува над нашите глави, танцува со воздушните струи и ги осветлува нашите лица.

Сабота, 17.10 2026, Фонтана „Лотос“ Градски парк
20:00 „Фратело“ на трупата „Бестиа“
„Фратело“ e приказна за двајца талентирани акробати кои со совршена координација ја истражуваат братската поврзаност и начинот на кој двајца акробати можат да комуницираат на сопствен јазик.
„Фратело“ ја истакнува силата на братската врска и покажува како довербата, движењето и близината можат да создадат заеднички јазик и без ниту еден збор.

21:00 Сонот на водните нимфи de la Cie Gwam
Музички и визуелен спектакл и имерзивно искуство, вид на уметничкo интермецо кое лебди помеѓу небото и морето и ја носи публиката во во хармонично вибрациско поле.

Тетово и Битола
Танц на водните нимфи
Тетово: Среда, 15.10 2026, 19:30
Битола: Петок, 17.10.2026, 20:00
Облеани во магијата на медитативните звуци, овие „суштества“ од длабочините додека танцуваат се чини дека лебдат. Со лесни, флуидни и грациозни движења, тие ја доловуваат убавината на животот во длабочините на морето.
Нивните тела се украсени со фосфоресцентна боја, која оживува под црната светлина на која не можете да останете рамнодушни. Нивното движење е придружено звучна магија – хипнотички резонанси на тубалофонот и волшебните тонови на светлечката кристална харфа.
Музички и визуелен спектакл и имерзивно искуство, вид на уметничкo интермецо кое лебди помеѓу небото и морето и ја носи публиката во во хармонично вибрациско поле.

