28 Мај Фестивал на француски филм I Корзика во фокус I Oд 17 до 20 јуни
официјално отворање
сРЕДА, 17 ЈУНИ 2026 I СИНЕПЛЕКС I 19:00
Кралство
(2024, 108 мин. )
во режија на Жилиен Колона, со Џувана Бенедети, Савериу Сантучи, Антони Морганти
Синопсис:
Корзика, 1995 година. Лезија го живее своето прво тинејџерско лето. Еден ден, непознат човек ја носи со мотор до изолирана вила каде што повторно го среќава својот татко, кој се крие заедно со своите луѓе. Во подземјето избувнува војна и обрачот околу кланот сè повеќе се стега. Смртта станува секојдневие. Започнува бегство во кое таткото и ќерката ќе научат повторно да се разбираат и сакаат.
По проекцијата следува разговор со режисерот
Жилиен Колона
Коктел обезбеден од винаријата Тиквеш

Четврток 18 јуни 2026
Фотографка
(2024,113 мин.)
во режија на Тјери де Перети, со Клара-Марија Ларедо, Марк’Антону Моциконачи, Луј Старас.
Синопсис:
Фрагменти од животот на Антонија, млада фотографка на весникот Корс-Матен во Ајачо. Нејзиниот ангажман, пријателствата и љубовите се испреплетуваат со големите политички настани на островот, од 1980-тите до почетокот на XXI век. Филмот претставува фреска на една генерација.
По проекцијата следува средба со режисерот
Тјери де Перети

„Француско-македонски размени во областа на филмот“
10h30 | Кино „Вардар“
Во соработка со Агенцијата за филм и Факултет за драмски уметности
Учесници: француски и македонски режисери и актери, претставници на културни институции, студенти на ФДУ.
Модераторка: Дејана Попоска
ЗАТВОРАЊЕ
ПЕТОК 19 ЈУНИ 2026 I СИНЕПЛЕКС I 19:00
Мохиканец
(2024, 87 мин. )
во режија на Фредерик Фаручи, со Алекси Мананти, Мара Такин, Тео Фримигачи
Синопсис:
Корзика, 1995 година. Лезија го живее своето прво тинејџерско лето. Еден ден, непознат човек ја носи со мотор до изолирана вила каде што повторно го среќава својот татко, кој се крие заедно со своите луѓе. Во подземјето избувнува војна и обрачот околу кланот сè повеќе се стега. Смртта станува секојдневие. Започнува бегство во кое таткото и ќерката ќе научат повторно да се гледаат, разбираат и сакаат.
По проекцијата следува разговор со режисерот Фредерик Фаручи и актерот Алекси Мананти.

вонредна проекција
сабота 20 јуни 2026 I кинотека I 20:00
Грабнување
(2023, 97 мин. )
во режија на Ирис Калтенбек, со Афсиа Ерзи, Алекси Мананти, Нина Мерис
Синопсис:
Како животот на Лидија, бабица целосно посветена на својата работа, тргнал во погрешна насока? Дали причината е љубовното разочарување, бременоста на нејзината најдобра пријателка Саломе или средбата со Милош, можна нова љубов? Лидија се затвора во спирала од лаги и животите на сите околу неа се менуваат.














