
04 Мар Изложба „Париски рефлексии 2“ | 9. – 25.03.2023
Четврток 9 март 2023, 12ч | Галерија „Чифте Амам“
Изложба „Париски рефлексии 2“ е отворена до 25 март 2023
Отворањето беше во присуство на претседателот г-дин Стево Пендаровски
–
Вториот дел од изложбата „Париски рефлексии“ ги отсликува париските влијанија врз доајените во македонското сликарство, преку колекцијата дела во Националната галерија.
Овојпат, изложбата ги прикажува големите македонски сликари од 70-те години – актуелни и денес – како Петар Мазев, Димитар Кондовски, Ордан Пелевски, Родољуб Атанасов, или Душан Печинков.
Еден мал дел од изложбата е посветен и на француските уметници кои престојувале во Македонија.
–
Промоција на каталогот од претходната изложба со дела од основоположниците на македонското сликарство.
