
16 Ное Онлајн дебата „Климатското затоплување на Балканот и обновливи извори на енергија“ | 27.11.2020
Петок 27 ноември 2020, 10 часот
Преземете ја целосната програма на настанот
Регистрирајте се на следниот мејл culture@ifs.mk за да добиете линк на Zoom за да ја следите дебатата онлајн.
Северна Македонија се соочува, како и остатокот од светот, со глобалното затоплување и проблемите врзани за енергeтските извори поттикнати од галопирачката експанзија на нејзиниот главен град Скопје.
Северна Македонија се справува со:
- движење на населението со силна концентрација во Скопје
- производство на електрична енергија базирано на термоелектрични централи и производство на енергија на база на јаглен
- недоволна свесност за обновливите извори на енергија
- греење во домови каде што се користат горива со ниска цена, кои многу загадуваат
- сè поголем број автомобили, од кои многу половни возила кои не се во согласност со еколошките стандарди
- потреба за поразвиен јавен превоз.

Дебатата организирана од Францускиот институт во Скопје, во рамките на Фондот Аламбер, која целосно ќе се одвива онлајн поради здравствените причини, предвидува, во првиот дел, по свеченото отворање :
- да направи преглед на тема климатско затоплување преку излагањето на г-дин Жил БЕФ, еминентен биолог, професор на Универзитетот Пјер и Марија Кири, Сорбона и професор на Колеж де Франс ;
- да го претстави процесот на енергетска транзиција во Франција и во европските земји благодарение на излагањето на г-ѓа Михаела ЖИРТАН, професор на Универзитетот Анже.
Другиот дел ќе им овозможи на домашните учесници да се искажат за двата големи проблеми на главниот град : греењето, голем извор на загадувањето и на пренамената на јавниот превоз.
Дебатата ќе биде со симултан превод.
Настанот се одржува со поддршка на Францускиот институт во Париз.
