Современиот танц „Ман Рек“ на Скопје танц фест | 6.06 – 7.06.2021

MAN_REC

Современиот танц „Ман Рек“ на Скопје танц фест | 6.06 – 7.06.2021

Во соработка со Скопје танц фест, ексклузивен соло настап на кореографот и танчер Амала Диандор

„МАН РЕК“

во рамките на турнејата во Северна Македонија и Албанија

Недела 6 јуни 2021, 21:00 ч. | Културен центар – Тетово

Понеделник 7 јуни 2021, 21:00 ч. |  Дом на АРМ – Скопје

Со поддршка на Театроскоп, мрежа за збогатување на размените во областа на сценските уметности во Јогоисточна Европа.

Во соработка со Француската алијанса во Тетово.

Амала Диандор ќе анимира и повеќе работилници за танц.

*

По искуството со хип-хоп танцот, Амала Диандор во 2000 година се запишува на Високата национална школа за современ танц во Анже. Од 2002 година, па во текот на десетте години што следат, тој настапува со реномирани кореографи од различни области (Режи Обадија, Фарид Берки, Абу Лагра, Жорж Момбој, Франсоаз и Доминик Дипи, Хафиз Дау, Ајша Мбарек, Емануел Гат и др…).

Danse. Amala Dianor danse avec l'inconscient du corps | L'Humanité

Во 2011 година ја освојува втората награда од жирито на натпреварот Reconnaissance за неговата прва кореографија, насловена Crossroad, а потоа тој основа своја танчерска група во 2012 година. Набрзо неговата кореографија ќе биде забележана во светот на танцот по автентичноста и елеганцијата на движењата, кои се мешавина на повеќе стилови. Преку процесот на раслојување на движењето, тој им овозможува на танчерите да се отвораат кон нов телесен израз. Диандор е вљубеник во средбата и во дијалогот помеѓу личностите и оттука развива еден танц-фузија која е хибрид на најразлични форми и се отвора кон поетиката на другоста.

Тој е соработник на Националниот центар за танц и на Сирене Сите, потоа работи како уметник во театарот Луј Арагон во Транбле-Ен-Франс (21014 – 2016), во Кореографскиот центар на Стразбур (2016-2019), во Санкатр во Париз (2016-2018), потоа во театарот и во Центарот за танц на Лион (2019-2021). Меѓу петнесетината најпознати танцови на репертоарот на неговата танчерска група, се издвојува соло танцот „Ман Рек“ (2014 година), “Екстензија“ (2014 година) во тандем со брејк ѕвездата БиБибој Јуниор и во трио изведба на „Некаде во средиштето на бескрајот“ (2016 година).

Амала Диандор долг период размислувал за неговиот израз на соло танцот „Ман Рек“, којшто го создал во 2014 година и оттогаш до 2020 година со истиот има реализирано повеќе од стотина изведби ширум светот. Отворен за сите влијанија на танцот (хип хоп, современ танц, африкански танци…), соло настапот на Диандор е личен манифест на уметникот низ кој се испишува единствен спој на хибридни и автентични танци, којшто напати е слободен, но и комплексен, апстрактен и конкретен, енергичен и смирен.

Не пропуштајте го овој перформанс!

man-rec-jef-rabillon-2