Концерт на квартетот Агата на Фестивалот Охридско лето | 30.07.2022

Site Quatur Agate

Концерт на квартетот Агата на Фестивалот Охридско лето | 30.07.2022

Сабота 30 јули 2022, 21:00 ч. | Црква Света Софија во Охрид

Француска вечер на фестивалот Охридско лето со концерт на Квартетот Agate

Адријен Јурковиќ, виолина

Тома Дескамп, виолина

Рафаел Пањон – виола

Симон Лашме – виолончело

Програма : Бетовен, Хајдн

Страста за градот Берлин ги спојува четворицата членови на квартетот Агата. Сите по потекло од југот на Франција, во прекрасниот амбиент на градот Берлин ја пронаоѓаат вистинската средина за нивната природна љубопитност.

Споделувајќи го истиот ентузијазам за смели и алтернативни проекти, тие, во 2016 година, решаваат да го основаат Квартетот Агат за да ги реализираат нивните музички желби. Тие се искусни музичари со различни музички практики (од солисти до камерни музичари кои настапувале со големите берлински оркестри), а преку заедничките настапи во квартет, откриваат неограничено поле на сопствено изразување и инспирација.

Сите четворица имаат завршено студии на Парискиот конзерватотиум, а потоа специјализираат две години на германската школа „Hanns Eisler“ во Берлин, во класата на Еберхард Фелц, каде имаа можност да ја надополнат француската музичка позадина со германскиот музички научен приод.

Повеќе информации на веб страницата на Фестивалот Скопско лето.