Концерт на француско-македонското дуо СолиПс | 4.05.2022

Concert Solipse

Концерт на француско-македонското дуо СолиПс | 4.05.2022

Среда 4 мај 2022, 20 часот | Камерна сала на Македонска филхармонија

Концерт на класична музика

Гонца Богоморова Краповска, сопран

со француско-македонското дуо Елена Стојческа – флејта и Ромен Петио – гитара

 

Сопранистката Гонца Богоромова Краповски и француско-македонското дуо СолиПс (флејтистката Елена Стојческа и гитаристот Ромен Петио) имаат изработено модерна музичка програма во која се вткајува оригинална уметничка инспирација. Овој концерт е „сцена“ за изведба на оригиналното дело Океан во капка на македонската композиторка Дарија Андовска, специјално компонирано за овој настап. Исто така, на концертот за првпат ќе бидат изведени и две македонски традиционални композиции, преработени повторно од Дарија Андовска.

Освен дела за дуо и за соло изведба, на програмата се застапени и три француски дела: Две поеми од Ронсар на Албер Русел, извонредното дело Самогласки за соло флејта на Софи Лаказ инспирирано од поема на Артур Рембо и Мирот почива во пустина на Жан-Кристоф Роза..

Популарната Арија на Бахијана Бразилерас n°5 на Вила-Лобос ќе биде изведена во нејзината оригинална верзија за вокал и гитара.

Италијанскиот композитор Масимилијано Месиери, чие дело Сон во сон ќе биде изведено на концертот, ќе биде присутен на настанот.

Една одлична меѓународна соработка, настап на квалитетни странски и македонски уметници, внимателно избрани дела на програмата на концертот којшто ќе се одржи на 4 мај во 20 часот во Камерната сала на Македонската филхармонија.

Влезот е слободен.

Овој настан се организира во соработка со Министерството за култура на Северна Македонија и на Францускиот институт во Скопје.