Концерт на кларинетистите Пјер Женисон (Франција) и Ромиалд Голебјовски (Полска) | 3.06.2021

Pierregenissonconcert

Концерт на кларинетистите Пјер Женисон (Франција) и Ромиалд Голебјовски (Полска) | 3.06.2021

Концерт на кларинетистот Пјер Женисон и полскиот солист Ромиалд Голебјовски со учениците на нивните мастер класови

Четврток 3 јуни 2021, 19 часот | Музеј на македонската револуционерна борба

Програма :
Пуленк : Соната за кларинет и пијано
Дебиси : Прва рапсодија
Гершвин : Трет прелудиум за кларинет

На покана на Фестивалот за кларинет, славниот кларинетист Пјер Женисон ќе престојува во Северна Македонија од 1 до 3 јуни 2021.

Тој ќе одржи мастер клас со учениците од македонските музички училишта, а потоа и концерт.


Пјер Женисон е роден во Марсеј, во 1986 година и е еден од најзначајните француските музичари на дувачки инструменти. Лауреат е на престижниот Меѓународен натпревар Карл Нилсен, но и првонаграден од жирито и од публиката на Меѓународниот натпревар Жак Лансло во Токио. Неговите цедеа, издадени од продукциската куќа Aparté, освоија бројни награди од меѓународната критика (Diapason d’or, Откритие на годината на Classica, ffff на Télérama, „Цеде на годината“ на Sunday Times, Gramophone, Златен клуч на Resmusica…).

Пјер Женисон завршил студии на Високиот музички конзерваториум во Париз, во класата на Мишел Арињон за кларинет и на Клер Дезер, Ејми Флечер и Жан Силем за камерна музика. Откако освоил многу први награди со едногласна одлука на жиријата во двете дисциплини, тој заминува на усовршување на Универзитетот на Калифорнија во Лос Анџелес, во класата на Јехуда Џилад, по што се стекнува со врвна уметничка диплома.

Пјер Женисон редовно е канет да настапува како солист со бројни национални оркестри, како со Филхармониите во Берлин, Токио, Оденсе, Сихуан, Трондхајм, Дизелдорф, со Кралската филхармонија на Лиеж…, а соработува со диригенти од рангот на Кристоф Урбански, Олари Елтс, Дарел Анг, Саша Гецел, Кшиштоф Пендерцки, Александар Блох, Лионел Брингие…

Во рамките на Фестивалот за кларинет.
Со поддршка на Францускиот институт во Скопје.